amazon

25.04.2024 Скопје

Италијанскиот регулатор им изрече казни од вкупно 10 милиони евра на подружниците на американскиот гигант „Амазон“ поради ограничување на слободата на потрошувачите при електронско купување.

Амазон „значително го ограничи изборот на потрошувачите“ со стандардно „нарачување однапред и заштеда“ при купување широк спектар на производи, утврдија регулаторите, наметнувајќи казни за Amazon Services Europe и Amazon EU со седиште во Луксембург.

Ваквите поставки ги зголемија шансите потрошувачите, наместо еднократно купување, да се одлучат да направат повеќе купувања во точно дефинирани временски периоди, објаснуваат тие.

„Означената опција за повторување на купувањето го охрабрува лицето периодично да купува производи дури и ако навистина не му се потребни и на тој начин ја ограничува нивната слобода на избор“, се вели во соопштението на италијанскиот регулатор. Амазон објави жалба.

Подготвено од М.Д.

About Author