italijanska ekonomija

11.04.2024 Скопје

Италијанската влада малку ги намали проценките за економскиот раст во 2024 и 2025 година поради „комплицираната меѓународна и геополитичка рамка“, рече министерот за економија.

Италијанскиот БДП годинава ќе се зголеми за еден процент, констатира Министерството за финансии во извештајот за економија и финансии. Во септември прогнозираа дека ќе порасне за 1,2 отсто.

Новата проценка е сепак значително повисока од консензусот на повеќето независни институти, според кои активноста треба да се зголеми за околу 0,7 отсто.

Во 2025 година, владата сега прогнозира раст на БДП од 1,2 отсто, исто така 0,2 процентни поени послаб отколку што очекуваа минатата есен.

При подготовката на проценките, земена е предвид „комплицираната меѓународна и геополитичка рамка“, изјави за новинарите министерот за економија Џанкарло Џордети, осврнувајќи се на конфликтите во Украина и на Блискиот Исток.

Буџетскиот дефицит годинава треба да се намали на 4,3 отсто, ја потврди владата ланската есенска прогноза, од 7,2 отсто во 2023 година, кога значително го надмина целното ниво поради скапите стимулативни програми за реновирање на станбени имоти.

Во изминатите четири години стимулациите ја чинеа државната каса околу 219 милијарди евра, рече министерот за економија. „Супербонус“, најдарежливиот меѓу нив, на сопствениците на недвижности им овозможи даночен одбиток до 110 отсто од трошоците за градежните работи што треба да ја намалат потрошувачката на енергија.

Во 2025 година буџетскиот дефицит треба да се лизне на 3,7 отсто и да биде нешто повисок од досегашниот очекувања на Министерството за финансии, а во 2026 година да се спушти на три отсто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author