Elektricna-vozila-Foto-ZD-Net

29.04.2024 Скопје

Европската унија нема доволно станици за полнење на електричните автомобили, предупреди во понеделникот здружението на производители ACEA, нагласувајќи дека темпото на нивното инсталирање во голема мера заостанува зад продажбата.

Од 2017 година, продажбата на електрични автомобили расте трипати побрзо од бројот на станици за полнење, според ACEA. За да гофати чекорот и да го надмине јазот, ЕУ мора значително да го забрза темпото на инсталација до 2030 година, предупреди здружението.

Компаниите инвестираа големи суми во производството на електрични возила, а ЕУ планира да ја забрани продажбата на нови возила напојувани со агрегати на фосилни горива во следната деценија.

„Постигнувањето на амбициозните цели на Европа за намалување на CO2 бара масовно усвојување на електрични автомобили на сите пазари на ЕУ, а тоа не може да се постигне без широко достапна јавна инфраструктура за полнење“, вели генералниот секретар на ACEA, Зигрид де Врис во писмената изјава.

Европската комисија проценува дека до 2030 година треба да се изградат 3,5 милиони бензински пумпи. За да се постигне оваа цел, треба да се поставуваат осум илјади бензински пумпи седмично, пресметале во ACEA, што би значело дека темпото на инсталација треба да биде трипати побрзо.

Од здружението истовремено предупредуваат дека нема да бидат доволни 3,5 милиони станици за полнење, додавајќи дека треба да се постават 8,8 милиони или 22.000 седмично.

Подготвено од М.Д.

About Author