kolumbija protesti

22.04.2024 Скопје

Илјадници Колумбијци учествуваа на протестите во неколку колумбиски градови поради плановите на левичарскиот претседател Густаво Петро да го промени Уставот за да ги поттикне социјалните реформи.

Демонстрации се одржаа во неколку градови, вклучувајќи го и главниот град Богота, каде што се одржаа протести на главниот плоштад Боливар пред претседателската палата.

Петро ги објави плановите за промена на Уставот за да ги поттикне социјалните реформи кои не можеше да ги унапреди соочени со противењето на Конгресот и конзервативните бизнис групи.

Колумбискиот Конгрес неодамна одби да усвои закон за зајакнување на државната контрола врз здравствениот систем со цел да се подобри ефикасноста и да се намалат трошоците за лекување.

Како одговор на тоа одбивање, Петро донесе декрет за преземање на двете најголеми здравствени осигурителни компании во земјата, од кои зависат милиони Колумбијци.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author