08.04.2024 Скопје
И во услови на понизок степен на заинтересираност кај инвеститорите, константа како најтргувани се акциите на Комерцијална банка и на „Алкалоид“. Сепак, и кај нивните резултати е забележано намалување во однос на февруарската состојба. Кон групата топ пет најтргувани овојпат се приклучи акцијата на „Гранит“, а измена на позициите има кај „Макпетрол“ – во март е на трето (во февруари на пето) и кај НЛБ банка, која е на четвртото, а беше на третото место. Кај сите нив по нагорна линија се движи просечната цена.
Во текот на минатиот месец се тргувало со 12.660 акции на Комерцијална банка, по просечна цена од 17.253,95 денари. Преку 608 трансакции е остварен промет од 218.435.029 денари, односно 3.548.711 евра. Со тоа, во структурата има учество од 52,34 проценти.
Со хартиите од вредност издадени од скопски „Алкалоид“ се евидентирани 277 трансакции, низ кои е истргувана количина од 3.873 акции. Постигната е просечна цена од 20.253,16 денари, а реализираниот месечен промет изнесува 78.440.474 денари или 1.274.156 евра. Уделот е 18,80 проценти.
Подготвено од М.Д.