01.04.2024 Скопје
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ ненадејно поднесе оставка од функцијата.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, претседателската функција ќе ја преземе независниот парламентарен претставник Мирослав Шкоро. Милановиќ, кој досега тврдеше дека нема намера да поднесе оставка, вечерва во неочекуван маневар му ја достави оставката на претседателот на Уставниот суд.
Имено, Милановиќ поднел оставка за да може активно да учествува во изборната кампања и да се соочи со премиерот Пленковиќ.
Шкоро ја презема функцијата претседател на државата бидејќи претседателот на парламентот, Гордан Јандроковиќ, но и сите потпретседатели се кандидати на изборните листи кои се веќе дефинирани, што значи дека не можат да бидат в.д.
Во тие околности, како што наведуваат од Уставниот суд, должностите на претседателот ги презема последниот разрешен потпретседател на парламентот, а тоа е Шкоро.
Подготвено од М.Д.