gruzija

12.04.2024 Скопје

Противниците на актуелната власт наведуваат дека потенцијалното членство во Европската унија е лоша вест за „Грузискиот сон“, за кој тврдат дека не сака да ги наруши односите со Русија.

Во Брисел расте стравот дека владејачката партија „Грузиски сон“ ги одложува клучните реформи и активно го опструира целиот процес и затоа Грузија заостанува со другите кандидати за членство во Европската унија во трката за отворање на пристапните преговори.

Грузиските елити стравуваат дека нивните интереси би можеле да бидат оштетени со судските реформи што ги бара Европската унија. Во земјава во моментов се одржуваат масовни протести поради контроверзниот нов закон со кој невладините организации и медиумите кои добиваат средства од странство мора да се регистрираат како „странски агенти“

Освен тоа, незадоволните граѓани протестираат и против нацрт-законот кој, доколку биде усвоен, ќе воведе строги ограничувања за ЛГБТ+ заедницата во Грузија, вклучително и забрана за признавање на истополовите врски и забрана за одржување јавни манифестации како што е парадата на гордоста.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека 79 отсто од граѓаните на Грузија сакаат да влезат во Европската унија, поради што грузиската Влада минатата година мораше да се откаже од сличен закон за „странски агенти“, кој сега повторно го предлага.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author