granicen-premin-bogorodica

04.04.2024 Скопје

Утрово во шест часот заврши дводневниот штрајк на грчките цариници. Тоа значи дека во Грција може да се влезе преку трите премини Богородица – Евзони, Дојран – Дојрани, и Меџитлија – Ники.

Од регионалниот центар за гранични работи југ при МВР информираат дека сообраќајот и преминувањето на границата со јужниот сосед се одвива тековно.

Вчера и завчера во целост беше во прекин товарниот сообраќај на сите гранични премини а повремено се пропуштаа патници на Богородица и Дојран.

Подготвено од М.Д.

About Author