Izbori-1536x998

12.04.2024 Скопје

Граѓаните индиректно преку Буџетот се најголеми финансиери на партите според последните извештаи на Државниот завод за ревизија кој ги објави приходите и расходите на 42 политички партии.

Без разлика за кого ќе го дадат својот глас, граѓаните преку Буџетот издвојуваат пари и за СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и Алијанса, но и за Левица, ГРОМ, Демократски сојуз…. Помал дел од средствата доаѓаат од членарина, подароци, донации и „други извори“.

Владејачката СДСМ лани остварила приходи од 119 милиони денари. Од нив 2,9 милиони се од членарина, подароци, донации и друго, а над 88 милиони денари се приходи од други извори. Над 17 милиони потрошиле за реклама, пропаганда и репрезентација, 5 милиони за транспорт, исто толку за енергија, или вкупно – 40 милиони. Бележи нето-добивка од 53 милиони што е двојно повеќе од лани.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ лани имала приходи од 104 милиони денари. Најмногу пари заработила од државата, односно граѓаните – 97 милиони денари, пари кои ѝ следуваат по закон и кои ги добива секоја партија. Од донации има 3,7 милиони денари. Најголем донатор била фирмата за одржувбање на хигиена „Лувак 2020“ со 800.000 денари.

Партијата лани имала расходи од 98 милиони, од кои за реклами и пропаганда потрошила 6,5 милиони денари, а 6 милиони за камати. Годината ја завршува со нето-вишок од 6 милиони, што е 4 милиони повеќе отколку минатата година.

Владејачката ДУИ лани остварила приходи од 156 милиони денари, од кои еден милион денари од членарина, а 1,5 милиони денари од донации. Лидерот Али Ахмети донирал 36 илјади денари, додека техничкиот премиер Талат Џафери дал 15 илјади.

Алијанса за Албанците имала приход од 23 милиони – 17 милиони од Буџетот, Левица добила 14 милиони од државата, ГРОМ имал приход од осум милиони.

Подготвено од М.Д.

About Author