goran grujevski

15.04.2024 Скопје

Екс началникот на Петата управа во УБК и бегалец, Горан Грујевски вчера бил уапсен во Загреб по распишана меѓународна потерница од македонските власти но денеска бил пуштен на слобода. Хрватското МВР и Интерпол доставило информација до МВР вчера за приведувањето како и последната информација од утрово дека тој е пуштен на слобода.

Одлуката да се пушти на слобода се должи на фактот што на Грујовски му бил одобрен азил во Грција.

Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски, во јуни 2017 година побегнаа од Република Северна Македонија во Грција откако беа обвинети  во судскиот процес „Таргет Тврдина“, поврзан со нелегалното масовно прислушување.

Грујевски и Бошковски, беа уапсени на 18 октомври 2017 година на аеродромот во Солун со лажни бугарски пасоши, под имињата Неџби Хасан и Христо Атанасов.

Подготвено од М.Д.

About Author