google chrome

25.04.2024 Скопје

Google ќе мора да плати отштета од 62 милиони долари за следење на локацијата без согласност од корисникот.

Оваа сума ќе биде платена на група корисници, а тоа е резултат на истрага која докажа дека Google ја чувал нивната историја на локација и откако тие не се согласиле на тоа.

Пред шест години Google ги уверуваше корисниците дека нивните податоци нема да бидат следени доколку ја исклучат опцијата за историја на локација на нивните уреди, но истрагата на АП покажа дека работите се малку поинакви.

Резултатот е дека дел од споменатата сума ќе биде распределена на 21 непрофитна организација, кои потоа ќе ја пренесат на нивните корисници. Понатаму, 18,6 милиони долари ќе бидат доделени како адвокатски трошоци, а како што рече судијата Едвард Давила, оваа тужба беше „исклучително успешна“.

Google, според документот со кој се потврдува спогодбата, морал да престане да ја следи локацијата на корисниците во моментот кога тие ја исклучиле опцијата во поставките на нивната сметка на Google.

Наместо тоа, се вели, дури и кога оваа опција беше исклучена, секој пат кога корисниците ќе вклучија услуга на Google, нивната локација беше следена – ова вклучуваше апликации како Google Maps, апликации за временска прогноза, па дури и пребарување преку прелистувачот Google Chrome.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author