23.04.2024 Скопје
Поради врски со картелот „Тито“, припадниците на МУП на кантонот Сараево и на Државната агенција за истрага и заштита, СИПА, „Црна вратоврска 2“ во голема полициска акција уапсени се повеќе од 20 лица.
На чело на меѓународниот нарко картел „Тито“ е Един Гачанин, кој од минатата година издржува затворска казна во Холандија.
Во акцијата на полицијата во Сараево, Зеница и Мостар беа приведени специјалците на ФУП кои пред осум години го обезбедуваа Един Гачанин Тито во Сараево. Станува збор за специјалците Емир Друшиќ, Адин Ќатиќ и Сенад Кадиќ. Уапсени се поранешните членови на ФУП, кои го обезбедуваа и Гачанин во Сараево, Ибро Миладин и Дражен Чобовиќ.
Од Обвинителството на Босна и Херцеговина соопштија дека активностите се насочени кон гонење на лица осомничени за организиран криминал, неовластена трговија со големи количини на дрога, перење пари и други кривични дела. Во спроведените активности, меѓународна поддршка дадоа ФБИ, ДЕА и Европол.
Подготвено од А.Ѓ.