11.04.2024 Скопје
Република Северна Македонија бележи значително опаѓање во годишниот извештај на Фридом Хаус насловен како „Нации во транзит“.
Споредено со нас според овој извештај само Србија има поголемо назадување во регионот. И двете земји се најдоа во категоријата Хибриден режим во која друштво им прават уште девет други држави.
Тукa се сместени земјите кои имаат карактеристики на автократија и демократија, нивните институции се ранливи, што во 2023 довело до поголемо назадување отколку напрадување, се вели во извештајот.
Република Северна Македонија страда од назадување во примената на принципот на владеење на правото и попуштила пред упорната корупција на високо ниво, додека политичките партии влегле во конфронтација во врска со уставните амандмани наложени од бугарското вето што ги попречува напорите на државата да влезе во Европската унија.
Извештајот за Република Северна Македонија вели дека земјава е „цикличен хибрид“, што се карактеризира со редовни промени во владејачката елита коишто не дозволуваат со време да дојде до суштинска структурна промена.
Во Србија имало „историско назадување“ вели извештајот, пред се` заради напорите на претседателот Александар Вучиќ за консолидирање на моќта во 2023. Но, Република Северна Македонија е веднаш зад Србија, вели Александра Карпи, која е една од двајцата изработувачи на извештајот.
Подготвено од М.Д.