16.04.2024 Скопје
Јагнешкото месо полека се брише од велигденската трпеза. Цената за килограм до празникот се очекува да достигне и до 800-ни денари. Граѓаните велат дека е прескапо, па поради тоа не можат да си дозволат велигденска трпеза како што некогаш имале.
Сточарите велат дека ќарот е кај трговците. Јагнешкото месо тие го даваат по цена од 220 денари за килограм, а потоа во месарниците се продава многу поскапо.
Проблем е и тоа што се помалку луѓе се занимаваат со сточарство, а нема ниту стока. Луѓето ја продаваат. Според бројките во земјава има некаде околу 350 илјади овци.
Освен јагнешкото, цените и на другите производи одат нагоре. Иако, статистички инфлацијата паѓа, сепак во продавниците не се забележува поевтинување. А можен е и уште еден ценовен шок, поради растот на цената на нафтата на берзите.
Подготвено од М.Д.