04.04.2024 Скопје
Еколошко, одржливо, органско – без оглед на придавката што некој ќе ја избере за овој вид земјоделство, германските фармери сè повеќе го присвојуваат, покажуваат новите податоци на Националниот институт за статистика.
Минатата година околу 28.700 земјоделски стопанства ги почитувале правилата за органско производство, за околу 10 отсто повеќе од 2022 година.
Според тоа, денес 11 отсто од земјоделските фарми во Германија се занимаваат со органско и слично производство, покажаа податоци на Дестатис.
Во пораст е и еколошкото одгледување добиток, лани со стапка од 12 отсто, така што сега од 161.700 фарми кои одгледуваат добиток и живина, со него се занимаваат 19.200.
Се прошири и обработливото земјиште посветено на органско производство: од 2020 година, учеството на ова се зголеми од 9,6 на 11,2 отсто од вкупно 16,6 милиони хектари земјоделско земјиште во Германија.
Големината на имотите од ново или традиционално производство е дополнително слична – органските имоти зафаќаат просечно 66,7 хектари, а традиционалните индивидуални имоти 65.
Подготвено од А.Ѓ.