19.04.2024 Скопје
Германските компании планираат да ги намалат инвестициите во 2024 година, е заклучокот од извештајот што го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.
Индексот кој ги мери инвестициските очекувања на компаниите во Германија падна во март од 1,2 поени во ноември на минус 0,1 поен во март.
„Глобалната побарувачка за капитални добра и суровини е сè уште слаба, а сè уште има несигурности во однос на економската политика. Поради ова, многу компании ги одложуваат своите инвестициски одлуки“, вели економскиот експерт на ИФО, Лара Карџ.
Показателот кој ја мери подготвеноста за инвестирање во германското производство падна од 6,6 поени во ноември на 1,4 поени во март, пред се во индустриите кои трошат голема количина енергија.
Слична ситуација владее и во хемиската индустрија, а особено загрижувачки сигнал доаѓа од германската автомобилска индустрија, каде индексот на инвестициска подготвеност падна од 34 поени во ноември на само 1,3 поени во март.
Зголемен оптимизам во однос на идните инвестиции е забележан кај производителите на машини и опрема, како и кај давателите на услуги.
Подготвено од А.Ѓ.