vlada vo germanija

12.04.2024 Скопје

Германската влада сака да го промени законот за имиња за да има повеќе опции при изборот на презимиња. Во владиниот предлог се вели дека поразновидните животни реалности направиле тоа да биде неопходност: „На овој начин, го овозможуваме она што многу луѓе долго време го посакуваа“, изјави сојузниот министер за правда Марко Бушман.

Според него, двојките во иднина ќе можат заеднички да носат двојно презиме за да ја изразат „својата врска“. Засега тоа не е можно.

На децата, исто така, во иднина треба да им се дозволи да имаат двојно презиме. Тоа треба стандардно да стане и родено име на детето ако родителите не утврдиле претходно родено име. Во иднина, полнолетните деца во Германија треба да можат да го менуваат презимето на едниот родител со презимето на другиот родител.

„Децата чии родители се развеле и посиноците лесно ќе можат да го променат името на мајката или таткото“, нагласува министерот за правда.

Новиот закон треба да ги земе предвид и посебните традиции за именување. Бушман како пример ги наведува малцинствата, како што се Лужичките Срби, Данците и Фризијците.

Во иднина, Лужичките Срби ќе може да ги додава завршетоците „-ова“ и „-ина“ за жени. Фризиското малцинство има нови можности да ја одрази својата традиција и потекло во изведените имиња – на пример презимето „Јансен“ ако името на таткото е „Јан“. Можно треба да биде и именување според данската традиција, која го зема предвид презимето на близок роднина. Спротивно на традицијата, како појдовна основа ќе може да се изберат и женските имиња.

Далекусежни се и промените што ги носи Законот за самоопределување. Тој треба да го замени контроверзниот закон за трансродови лица. Во иднина, едноставна изјава доставена во матичната служба треба да биде доволна за да се промени записот за пол или име. Засегнатите треба да бидат заштитени и од несакано декларирање.

Лицата кои наполниле 14 години во иднина треба да може да го сменат своето име или запис за пол во матичната служба без да се консултираат со своите родители. За критиките дека старосната граница од 14 години е прениска, дури и ако сите треба да се изјаснат дека побарале совет, министерката за семејство Лиза Паус аргументира дека, на пример, на 14 години можете да се одлучи и на која религија се сакате да се припаѓа: „Затоа тоа е едноставно во согласност со логиката на германскиот закон.“

Ополномоштеникот на владата за прашања на квир-заедницата, Свен Леман, ветува огромно олеснување за погодените. Поедноставената промена на родовиот запис „забележливо ќе го олесни и подобри животот на трансродовите, интерсексуалните и небинарните луѓе“, изјави тој.

Досега се потребни два психијатриски извештаи и судски налог за да се направат измените. Засегнатите често мораат да одговараат на многу интимни прашања. Многу трансродови лица сметаат дека постапката е понижувачка. Досегашниот процес исто така е критикуван како долг и скап.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author