tedi germanski lane

11.04.2024 Скопје

Дека српскиот пазар му е многу привлечен потврди и германскиот трговски ланец ТЕДи, кој веќе неколку години има регистрирана филијала во Србија.

На прашањето дали можат да дадат приближно време за влез на српскиот пазар, од компанијата соопштија дека нема временска рамка за влез во Србија, но дека секако следат атрактивни пазари во Европа кои се во делот во интересот на компанијата да го прошири својот бизнис, вклучително и Србија.

„ТЕДи е водечки ланец на непрехранбени продавници во Европа. Компанијата постојано расте и моментално има над 3.000 продавници со повеќе од 30.000 вработени. Застапени сме во 15 европски земји: Германија, Австрија, Словенија, Словачка, Шпанија, Хрватска, Италија, Полска, Чешка, Унгарија, Романија, Португалија, Бугарија, Франција и Белгија“, додаваат од компанијата.

Германскиот малопродажен синџир ТЕДи е основан во 2004 година во Дизелдорф, а до крајот на истата година имаше вкупно 120 отворени филијали низ Германија. Веќе во 2006 година беа отворени 400 филијали и познатата маскота плишано мече (TEDi-Bär) почна да ги придружува. Неколку години подоцна, во 2011 година, беше отворена првата филијала надвор од Германија, во Грац, Австрија. Така започна ширењето низ Европа, до денес имаат филијали во 15 европски земји.

ТЕДи во својот асортиман на своите клиенти им нуди играчки, работи за домот, додатоци за домашни миленици, украсни украси, облека, сезонска програма, модни додатоци, козметика, слатки.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author