11.04.2024 Скопје
Жешката инфлација минатата година ги обесхрабри германските граѓани да купуваат, а тоа го почувствуваа и банките, бидејќи одобрија значително помалку потрошувачки кредити отколку во 2022 година.
Според податоците на Асоцијацијата на кредитни институции, во 2023 година на клиенти им биле доделени 52,7 милијарди евра потрошувачки кредити, за 7,3 отсто помалку од претходната година.
Посебно нагло падна интересот за готовина, односно ненаменските кредити што ги нудат банките на Интернет. Од друга страна, финансирањето на набавката на автомобили остана стабилно, односно падна за само 0,1 отсто.
Инвестициското финансирање на компаниите, пак, со 11 милијарди беше во плус од 7,3 отсто. Посебно силно порасна кредитирањето за купување службени автомобили, за 12,3 отсто.
Сите заеми во 2023 година изнесуваат 127,3 милијарди евра, што е за половина процентен поен помал од 2022 година.
„Со оглед на проблематичната економска ситуација и мрачната потрошувачка клима, тоа е сосема задоволително“, изјавил претседателот на управниот одбор на кредитните банки, Кристијан Рубен.
Подготвено од А.Ѓ.