18.04.2024 Скопје
Ford најави повлекување на речиси половина милион компактни теренци и пикап возила поради ризик од губење на енергија поради проблеми со празнењето на батериите.
Американската Национална управа за безбедност на сообраќајот на патиштата (NHTSA) соопшти дека повлекувањето влијае на 456.565 возила во Соединетите држави, вклучително и SUV моделите Bronco Sport произведени помеѓу 2022 и 2024 година и компактните пикапи Maverick произведени помеѓу 2022 и 2023 година.
Несоодветно наполнетата батерија може да предизвика проблеми со некои електрични додатоци, како што се алармните светла, и да предизвика возилото да престане да работи. Со цел да се реши овој проблем, овластените дилери на Ford бесплатно ќе ги рекалибрираат контролните модули на каросеријата и погонската единица.
Подготвено од А.Ѓ.