slavjanka-POSETA NA AKTIVA

09.04.2024 Скопје

Министерката за одбрана Славјанка Петровска ја посети штипската фирма „Актива“, која од февруари е сертифицирана за да може да конкурира и да учествува во тендери на НАТО-пазарот. „Актива“ е една од 44. компании во државата кои добиваат пристап до пазарите на НАТО.

Таа посочи дека уште на почетокот на март имало успешна средба меѓу претставници на агенцијата на НАТО за набавки и македонските компании, каде што била презентирана можноста како нашите фирми можат да учествуваат на тендерите на НАТО, што, според неа, е одлична шанса за развој на македонската економија.

Иле Николов, сопственикот на „Актива“ – фирма која се занимава со автомобилска и метална индустрија, посочи дека со сертификатот ќе им се отвори една нова визија во нивнaтa производна програма, затоа што ќе можат да учествуваат и да се докажат на голем пазар. Тој вели дека покрај нивите досегашни партнери од Западот како ,,Ван Хол“, компанијата е подготвена да работи и со партнери од НАТО-пазарот.

Инаку, меѓу 44. компании што добиле ваков сертификат има фирми од различни сектори како градежништво, прехранбена индустрија, услуги во делот на организација на настани, транспорт, компании кои се занимаваат со трговија на нафта и нафтени деривати итн.

Петровска ги охрабри и другите компании да аплицираат во Министерството за одбрана за нивна регистрација на НАТО-пазарот.

Подготвено од М.Д.

About Author