09.04.2024 Скопје
До крајот на неделава треба да заврши преземањето на погонот на белгиската компанија Ван Хол во индустриската зона Бунарџик. Според информациите ќе ја преземе холандска фирма и најверојатно новиот сопственик ќе го задржи капацитетот како што е во моментов.
Вработените се безбедни, а се преговара и со институциите во земјава да се донесат дополнителни капацитет од компанија во Белгија, во Република Северна Македонија.
И во дописот од Ван Хол Македонија потврдија дека не планираат намалување на бројот на вработени во фабриката, ниту пак кратење на плати, и дека преговорите за продажба се водат на коорпоративно ниво.
Оваа компанија во земјава функционира веќе неколку години и генерира добри резултати. Но, според пишувањата на странските медиуми, производителот на автобуси во Белгија банкротираше.
Ван Хол е семејна компанија за производство на автобуси, тролејбуси и приколки основана во 1947 година.
Подготвено од М.Д.