02.04.2024 Скопје
Маркет на улица „Востаничка“ во населбата Црниче е ограбен откако биле демолирани влезните врати и излозите.
Според првичните информации, маркетот е ограбен откако автомобил влетал во влезната врата. Алармот се запалил, а разбојниците го земале сефот на маркетот и избегале со црвен автомобил од типот караван.
„На 01.04.2024 во 03.58 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет на подрачје на општина Кисела Вода во Скопје три лица извршиле „тешка кражба“, при што одзеле сеф. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, одговорија од МВР.
Подготвено од М.Д.