mece-droga2

30.04.2024 Скопје

Царинските службеници во соработка со полицијата спречија обид за шверц на речиси килограм бела кристална материја, за која постои сомнение дека е синтетичка дрога метамфетамин, која патник ја сокрил во кадифено мече, соопшти денеска Царинската управа на Република Србија.

Случајот бил откриен во саботата, кога на излез од државата на детален преглед било издвоено комбе со странска регистрација, во кое двајца патници патувале од Холандија за Турција.

При контролата, царинските службеници на задното седиште од комбето пронашле играчка црно мече, која, како што се наведува во соопштението, била невообичаено тешка за кадифена играчка, што предизвикало сомнеж дека нешто се крие во неа.

Се докажало дека сомнежот е оправдан, бидејќи при отворањето на играчката, во неа била пронајдена кеса со бела кристална материја, која со рачна анализа реагирала на синтетичката дрога метамфетамин.

По прецизно мерење било утврдено дека се работи за количина од речиси 840 грама од оваа опојна супстанца.

Возачот на комбето заедно со откриената дрога е предаден на полицијата и обвинителството.

Подготвено од М.Д.

About Author