29.04.2024 Скопје
Европските и американските берзански индекси денеска се во пораст, цената на златото падна, додека нафтата од типот „брент“ се продава за помалку од 89 долари за барел.
Индексот DAX на Франкфуртската берза денеска во 09:00 часот порасна на 18.166,91 поени, лондонски FTSE 100 на 8.182,15 поени, францускиот CAC 40 на 8.123,94 поени, а московскиот MOEX на 3.470,24 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс се искачи на 38.239,66 поени, индексот S&P 500 на 5.099,96 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 15.927,90 поени пред денешното отворање на берзата.
Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 83.002 долари, а на нафтата од типот „брент“ на 88.500 долари.
На отворањето на берзата ТТФ европските фјучерси на гас се продаваа по цена од 28.845 евра за мегават-час.
Цената на златото падна на 2.329,10 долари за унца, а на пченицата на 6.0044 долари за бушел (бушел е еднаков на 27.216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,07151, што е за 0,21 отсто повеќе од петокот.
Подготвено од А.Ѓ.