chitanje kniga

23.04.2024 Скопје

Новото истражување на Евростат покажува дека уделот на граѓаните на ЕУ, кои купуваат печатени книги, списанија или весници преку интернет, е сè уште значително поголем од оние што купуваат е-книги, списанија или весници.

На ниво на ЕУ, во 2023 година, 13,4 отсто од оние што купиле на три месеци пред истражувањето платиле печатена книга преку интернет. Тоа беше повеќе отколку во 2022 година (12,7 проценти), но помалку отколку во 2021 година (14,5 проценти).

Во набљудуваниот период 7,2 отсто од граѓаните во ЕУ купиле е-книга во споредба со 6,6 отсто во 2022 година и слично како во 2021 година. Најголем процент граѓани што купиле печатена книга во трите месеци од 2023 година пред истражувањето е во Холандија, во Луксембург и во Ирска – над 20 отсто, а најмалите, само малку повеќе од еден отсто, на Кипар.

Во исто време, најголем број на оние што купиле е-книга е забележан во Данска – 22 отсто, а најмал на Кипар – помалку од еден отсто. Данска и Финска се единствените земји членки на ЕУ во кои повеќе луѓе купувале електронски отколку печатени книги.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author