https://twitter.com/vonderleyen/status/1544586761120190467/photo/1

23.04.2024 Скопје

Претседателската на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во обраќањето пред Европарламентот истакна дека од последните европски избори во 2019 година, ЕУ се има соочено со две кризи од историски размери, Ковид-кризата и војната во Украина, проследена со енергетска криза, кои можеа да се претворат во драматична економска и социјална криза, „но, тоа не се случи поради големата отпорност на Европа, но и поради тоа што ги поставивме вистинските политики“.

„За силна Европа, ако има волја, има и начин и нашиот континент ќе продолжи да биде глобалното срце на индустријата и иновациите. Иако, на почетокот на оваа деценија се предвидуваше масовна невработеност и долга рецесија, денес стапката на невработеност е на историско најниско ниво од под шест отсто, вработеноста е над 75 проценти, а инфлацијата се приближува до целта од два отсто“, изјави Лајен во дебатата за заклучоците од минатонеделниот Специјален самит на Унијата посветен на економските перспективи на ЕУ.

Според Лајен, овие кризи го земаа данокот на конкурентноста на Европа, бидејќи до пред нивната појава бизнис моделот на многу европски индустрии се засноваше на евтина енергија од Русија и зголемена трговија со Кина, а продуктивноста на трудот се зголемуваше за само 0,8 отсто годишно.

„Нов наплив на европска конкурентност може да се постигне, прво, со поттикнување на приватниот капитал кон инвестиции , за што од суштинско значење е создавање на единствен европски на пазар на капитал, што ќе овозможи предвидливост, заштеди за инвеститорите и зајакнат надзорот на европско ниво на најважните играчи на пазарот. Додека пак, вториот приоритет е намалување на трошоците за енергија. Трошоците за енергија продолжуваат да влијаат на нашата конкурентнос“, објасни Лајен.

Минатата година за време на енергетската криза беа направени многу инвестиции и наскоро можеби од глобален недостиг да добиеме вишок на ЛНГ. Како резултат на тоа, се очекува да паднат цените на бензините.

„Третиот приоритет мора да биде насочен на намалување на недостигот на работна сила и стручно оспособени работници и за таа цел да се обучуваат младите преку образованието, да се овозможи професионална преориентација на повозрасните работници и да се привлекува легална миграција на работна сила од странство“, додаде Лајен.

Подготвено од М.Д.

About Author