16.04.2024 Скопје
Евроамбасадорот Дејвид Гир не ги коментира изјавите на министерот за надворешни работи и кандидат за претседател Бујар Османи дека без уставни измени нема да може да се формира влада.
Гир вели дека не коментира предизборни пораки. На новинарско прашање дали ваквите изјави може да бидат вовед во политичка криза, Гир вели дека очекуваат уставни измени за внесување на Бугарите во македонскиот устав заради продолжување на патот кон ЕУ. Османи минатата недела рече дека нема да може да има Влада без договор за уставни измени.
„Ние сме во среде изборна кампања и не одговорам на прашања за политички прашања. Се разбира, очекуваме спроведување на уставните измени кои ѝ овозможуваат на земјата да напредува на својот пат кон Европската унија. Сакаме тоа да се случи што е можно поскоро“ истакана Гир.
Подготвено од М.Д.