15.04.2024 Скопје
Од МНР претпладнево соопштија дека еден државјанин на Македонија се пријавил за помош при евакуација и заминување од Израел кој во саботата беше под интензивни воздушни напади од проектили и дронови истрелани од Иран.
„Досега, во амбасадата во Тел Авив, се пријавил еден државјанин на Република Северна Македонија кој изразил желба да се евакуира. На него му е даден патен лист за да ја напушти државата. Исто така во СОС центарот, тука во Скопје се јави една компанија која не извести дека има 4 вработени кои што се во Израел, чисто да ги имаме во предвид доколку состојбата се влоши. И да имаме контакти со нив во случај ако се појави потреба да ги извлекуваме“, изјави министерот за надворешни работи.
МНР ги повика сите кои патуваат или се веќе во Израел да се регистрираат за да се имаат потребни информации доколку состојбата која сега е стабилизирана, повторно се влошува.
„Збоував со амбасадорот во Тел Авив за барем неговите деца да ги врати во државата, но, утрово се слушнавме и училиштата во Израел повторно се отворени. Состојбата е стабилизирана. Сепак, (амбасадорот со семејството) решиле да останат, но ние се координираме постојано со кризниот штаб за да одлучиме како да постапуваме“, изјави Османи.
Подготвено од М.Д.