https://www.flickr.com/photos/153352659@N03/52109703777/in/photolist-2noKRsz-2n7kw4w-MgkvQ7-2aBVE5h-2kmsvSt-2mVmezn-2nuQqdZ-2mPoMBS-M7cQS2-DEWkr9-Gdp9CV-JreexS-L2bD6B-DTTzDz-GYAmXs-M9Ld1Z-2mSy7Bq-HEQRdT-PNRsDJ-2m7TrJu-2nnY2Cs-DgHEqZ-2hRxQxb-2gRyzm9-2jktzBa-2iHFGpg-NRgASK-2nF2QTc-2k2Gbnx-Fup752-2jvDmbh-N2DDT2-2kzByuX-FjAH59-2nArHKm-2k6oN8E-EtXnmm-2hLYFNq-FVXfai-2nw1h8V-2k7yKFK-Jma1b8-2jqBv1g-2nBLMJU-FS8ZGS-2kCMiyX-2nAZv9q-EkxPg4-29c9kHj-2j4qQqX

09.04.2024 Скопје

Европската унија денеска привремено ги договори ограничувањата за увоз на украински земјоделски производи, бидејќи за ова денеска постигнаа договор пратениците на Европскиот парламент и Белгија, која претседава со ЕУ шест месеци, изјави дипломат на ЕУ.

Оваа одлука ќе бара и официјално одобрение од другите членки на ЕУ и Европскиот парламент.

Агенцијата потсетува дека носителите на одлуки во ЕУ со недели дебатираат за гореспоменатите ограничувања за бесцарински пристап за украинските производи.

За тоа време, земјоделците протестираа против евтиниот увоз, а некои земјоделци во Полска ја блокираа границата со Украина и демонстративно истурија украинско жито преку железничките пруги.

Во јануари Европската комисија предложи продолжување на бесцаринскиот пристап до јуни 2025 година, но со можност за примена на царини за живина, јајца и шеќер, доколку нивниот увоз го надмине просечното ниво од 2022 и 2023 година.

Оттогаш на листата се додадени овесот, пченката, житариците и медот, а просекот на тарифите ќе се пресметува врз основа на втората половина на 2021 година.

Таа година, пред да започне војната во Украина, увозот од таа земја беше многу помал, бидејќи тарифите се применуваа на украинската стока.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author