17.04.2024 Скопје
Британскиот премиер Риши Сунак му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ескалацијата на Блискиот Исток не е во ничиј интерес.
Сунак истакна дека значајна ескалација не е во ничиј интерес и само ќе ја продлабочи несигурноста на Блискиот Исток.
„Ова е моментот кога треба да надвладеат ладни глави“, изјави Сунак, објави неговиот кабинет по телефонскиот разговор со Нетанјаху.
Во понеделникот Сунак во британскиот парламент објави дека земјите од Г7 работат на пакет санкции против Иран поради нападот на таа земја врз Израел.
„Сунак рече дека Иран погрешно пресметал и станува се поизолиран на меѓународната сцена“, изјави портпаролот на кабинетот на британскиот премиер.
Иран во текот на ноќта изврши напад со беспилотни летала и балистички и крстосувачки ракети врз Израел како одмазда за нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април, за кој го обвини Израел.
Велика Британија беше меѓу земјите кои помогнаа да се одбрани Израел од иранскиот напад.
Подготвено од А.Ѓ.