blinken bajden kina

29.04.2024 Скопје

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Саудиска Арабија, како прва етапа од турнејата по Блискиот Исток, со цел да се воспостави примирје меѓу Израел и Хамас што ќе овозможи ослободување на заложниците и испорака на поголема хуманитарна помош за Газа.

Блинкен, кој исто така ќе ги посети Јордан и Израел, се состанува во Ријад со неколку колеги од Персискиот залив и европските земји за да разговараат за обновата на Појасот Газа по војната, изјави претставник на Стејт департментот.

Тие планови би можеле да вклучат финансирање на реконструкцијата на енклавата, чиишто жители се раселени, а територијата е претворена во урнатини по речиси седум месеци бомбардирање и борби, или дури и поддршка за формирање на нови владини структури за „денот по“ војната.

Стејт департментот објави дека Блинкен ќе разговара за „тековните напори за воспоставување прекин на огнот во Газа што ќе овозможи ослободување на заложниците“ и ќе спречи ширење на војната во регионот.

Посетата на Блинкен се случува по повод дводневниот состанок на Светскиот економски форум.

Израел не е присутен во Ријад бидејќи во Египет се водат преговори за прекин на огнот и ослободување на заложниците, со посредство на САД, Египет и Катар.

САД, Египет и Катар со месеци се обидуваат да постигнат примирје.

Подготвено од М.Д.

About Author