03.04.2024 Скопје
Јавното претпријатие „Државни патишта“ известува дека од денес започнува можноста за електронско плаќање патарина и на наплатна станица на Коридорот 8, односно на автопатот Скопје-Тетово.На овој патен правец, најнапред во функција за електронска наплата е ставена наплатната станица Глумово.
Граѓаните што сообраќаат низ наплатната рампа Глумово, можат да ги користат бенефитите од системот М-карта и М-таг. Исто така, на наплатната станица можат да се набават и да се надополнат овие електронски картички.„Со оглед на фактот дека работите се одвиваат според планираната динамика, во најскоро време се очекува за електронска наплата да биде ставена во функција и наплатната станица Желино. Со овие активности, целосно ќе се заокружи системот за електронска наплата на оваа делница од Коридорот 8“, објави претпријатието.
Подготвено од М.Д.