ljupcho palevski palchoo

19.04.2024 Скопје

Љупчо Палевски Палчо главниот осомничен за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски се уште се наоѓа во екстрадиционен притвор во Турција и не е испорачан на земјава, иако постојано имаше најави дека тоа наскоро треба да се случи.

Судскиот дел околу екстрадицијата е веќе одамна завршен, но се уште нема најава кога Палчо би бил донесен во Република Северна Македонија.

Министерот за правда Кренар Лога, вели дека се уште немаат информација за денот кога Палевски би бил испратен и појаснува дека се чека потпис од турското МНР.

Според нивните правила, мора прво да се потпише нивното МНР, па потоа министерот за правда.

На прашањето дали е можно одолговлекувањето од турска страна да е поврзано со барањата на Турција за испорака на припадници на ФЕТО или ,,ѓуленистите”, Лога вели дека немаат такви индиции.

ФЕТО е термин кој го користи турската влада кога зборува за поддржувачите на Фетула Ѓулен, турски клерик кој живее во Соединетите Американски Држави. Претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговата администрација ги обвинуваат поддржувачите на Ѓулен дека го организирале на неуспеашниот обид за државен удар во август 2016 година во Турција.

Пред еден месец, Лога изјави дека Турција има дадено рок без да каже кој е тој рок.

Претседателот Стево Пендаровски, уште во јануари говорејќи за случајот со осомничениот за двојно убиство, Љупчо Палевски – Палчо, изрази очекување дека неговата екстрадиција ќе се случи наскоро.

„Доцна попладнево добивме информација дека неговата екстрадиција не е спорна од безбедносно-разузнавачки аспект и практично сега остануваат само техничките детали од она што се нарекува меѓународна правна помош што се случува како процес меѓу двете министерства за правда. Значи, ако смеам да предвидувам, бидејќи ова не е спорно, имаше прашања што со некакви припадници на ФЕТО, паметите…нема да има никакви условувања. Од тој аспект работата е исчистена, чиста, и дека сега останува само да се договорат деталите за примопредавање кои се од технички карактер. Значи, дека таа екстрадиција може да се случи многу скоро, рече тој.

Подготвено од М.Д.

About Author