19.04.2024 Скопје
Експлодира гасоводот во областа Харков во источна Украина, предизвикувајќи пожар, соопшти Регионалната воена управа на Харков.
„Инцидентот нема никаква врска со руските напади. Нема жртви. Властите ги утврдуваат околностите и деталите за инцидентот“, се вели во соопштението.
Снимки од пожарот беа објавени на каналите Телеграм, а според очевидци, огнената колона достигнала 50-70 метри.
Подготвено од А.Ѓ.