https://www.flickr.com/photos/112531736@N07/12936314345/in/photolist-kH8Zyv-85Fiwp-7k5k8r-96NTPD-u48ZXD-6orG99-7V66F9-7sUJLs-f4MR2-53kHVg-91Lv9Y-6hFpMb-ecDU6p-r1ZAQ1-232uNBY-oCLTEU-8YwffA-4PQn79-6Njg6U-aooyNS-KFX2X-4zDqTB-4t32oP-bbBU1-6NbDBa-e5T3uL-5qQxSm-6ornhN-4Ys1WN-9bzTJ2-4VeYdt-DGa1j-9JizCy-bAPK1H-9AUvB9-arvc3f-LkiqPN-8z4zDx-6i5Z1V-5v7uuY-smQiVS-bz5d2G-9YGSyA-PbarNa-dfnH8F-e8p6Ug-zfgcCM-55McrG-aiTZ6n-8yBvsA

19.04.2024 Скопје

Египетската влада се договори со приватните производители во земјата од недела да ја намали цената на комерцијалниот леб, соопштија премиерот Мостафа Мадбули и претставници на приватниот сектор.

Како што најавија претставници на Федерацијата на египетската индустрија и на Федерацијата на египетската стопанска комора, намалувањето ќе биде меѓу 25 и 40 отсто, во зависност од видот на лебот.

Комерцијалниот леб беше несубвенциониран и произведен од приватниот сектор.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author