ZELENCUK

11.04.2024 Скопје

Во текот на последните месеци, бројот на работници достигна критична точка, а причината е едноставна: нема кој да работи.

Според економските анализи, намалениот број на работници има директно влијание врз производството на домашни производи.

Производствените линии се забавени, а компаниите се принудени да се справуваат со недостаток на квалификуван кадар.

„Владата и бизнис секторот треба да преземат активни мерки за решавање на оваа криза. Обука и образование на нови работници, стимулативни мерки за започнување на работа, како и подобрување на условите за работа се само дел од можните решенија. Искрено се надевам дека оваа криза ќе биде привремена и дека ќе се најдат начини да се поддржи домашното производство и да се обезбеди стабилна работна сила“, коментираат економистите.

Државниот завод за статистика (ДЗС) регистрира 514.375 хектари обработлива површина што е намалување за 0,5% во однос на 2022 година.

Под овоштарници површините се намалени за 2,5%, а кај лозјата за 4,6%.

И во однос на засеаните површини под растителни култури е забележано намалување и тоа кај сите почнувајќи од житата, индустриски и фуражни култури, како и кај градинарски култури.

Освен што е забележано намалување на површините под овошни култури и полјоделски култури, има намалување и на производството. Па така, кај јаболката намалувањето е за 51,2%, кај крушите за 41,2%, кај сливите за 46,1% и кај праските за 50%.

Кај останатите култури поголемо намалување е забележано кај сончогледот за 39,5%, кај доматите за 23%, кај краставиците за 34,3% и кај пченката за 31,7%, а кај тутунот е забележано намалување на производството од 8,7%. Единствено зголемување на производството има кај оризот од 5,4% и кај пиперките од 4,1%.

Подготвено од М.Д.

About Author