ZELENSKI STOLTENBERG

30.04.2024 Скопје

Државите членки на НАТО не го испорачаа навреме она што и го ветија на Украина, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенрег при ненајавена посета на Киев. Тоа, според него, значи руско искористување на предноста на терен додека исцрпените украински сили чекаат на западните воени резерви. Столтенберг нагласи оти „сериозните одложувања на САД и европските сојузници, довеле до сериозни последици на фронтот“, мислејќи меѓудругото, и на последното украинско повлекување од неколку села во источниот дел на земјата.

Руската државна телевизија емитуваше снимка од подготовките за изложба на запленета западна опрема во Украина, вклучувајќи ги и германските тенкови „Леопард“. Пред јавноста е најавен примерок и од американскиот тенк Абрамс. Јавноста можеше да види како тешките оклопни возила се довезуваат со камиони, но и се креваат со кранови за нивно поставување во Паркот на победата во Москва.

Изложбата е планирана да биде отворена на 1 мај, со околу 30 воени експонати, секој со знамето на земјата која го испорачала, меѓу кои не е македонското, со оглед дека и нашата земја испорача тенкови за Киев.

Подготвено од М.Д.

About Author