02.04.2024 Скопје
Полското Министерство за образование соопшти дека во Полска стапи на сила уредбата со која се укинуваат задолжителните домашни задачи во основните училишта.
Според извештаите, наставниците од 1 до 3 одделение можат да доделат само „вежби за подобрување на фината моторика“, кои ќе бидат задолжителни и наставникот ќе може да им додели оценка на учениците.
Полското Министерство наведува дека, благодарение на развиените фини моторни вештини, детето може поефикасно да учи.
Од четврто до осмо одделение во основното училиште наставникот ќе може да задава писмена или практично-техничка домашна задача, но домашната работа нема да биде задолжителна и ученикот нема да добие оценка за неа.
Наставникот, наместо тоа, треба да му даде на ученикот информации за тоа што направил добро, што треба да подобри и како треба да продолжи да учи, според регулативата.
Министерството прецизира дека „писмената и практично-техничката домашна задача“ опфаќа есеи, состави, пополнување тетратка, решавање математички задачи или подготовка на мултимедијална презентација.
Подготвено од А.Ѓ.