Angela-Ageler-1

05.04.2024 Скопје

На прашањето зошто САД не ги споделуваат доказите со властите во  Македонија за лицата на американската „црна листа“, амбасадорката Анџела Агелер рече дека најголем дел од наодите се добиени од тука и дека обвинителството и судовите можат да ги обезбедат исто.

„ Имаме закони за приватност и ќе ги прекршиме нашите закони ако ги отвориме тие случаи и ако ги споделиме доказите. Во секој случај тие докази се… повеќето од нив, не сите, некои од нив потекнуваат од извори во САД, но повеќето од нив доаѓаат од овде, од ова место. Значи, ако американските дипломати можат да соберат информации што обезбедуваат доволно докази, тогаш сигурно истражител или обвинител, или кој било од органите на редот или судството, може да ги најде истите докази“, нагласи Агелер.

Амбасадорката  додаде дека во последните девет месеци САД ставиле на црна листа повеќе луѓе од Република Северна Македонија отколку целиот период од независноста на земјата.

„Една од работите што ја ценам, како што знаете, САД одредија повеќе луѓе за санкции од оваа земја во последните 9 месеци отколку што ние назначивме, верувам, од независноста“, потенцираше Агелер.

Таа искоментира дека корупцијата е рак во Република Северна Македонија и дека има епидемиски размери.

„Корупција…Мислам дека тоа е епидемија, тоа е рак во оваа земја. Верувам дека тие што се вмешани во корупциски дела. Сабајлево размислував… тие се крадци. Верувам дека крадат од оваа држава и од граѓаните. И не се работи само за пари, верувам дека и тие ја крадат можноста, верувам дека во многу случаи крадат и надеж и дека луѓето во оваа земја заслужуваат да имаат лидери, деловни иницијативи и чесни претприемачи“, рече Агелер.

Подготвено од М.Д.

About Author