09.04.2024 Скопје
Вашиот глас одлучува и само вие можете да ја испорачате одлуката која значи крај на најлошото владеење во историјата на Република Северна Македонија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во општина Битола во рамки на претседателски избори.
Мицкоски додаде дека е време да се врати надежта и повторно да се обнови Република Северна Македонија.
Време е да ја вратиме надежта и повторно обновиме Република Северна Македонија. Можеме и мораме Македонија да ја направиме повторно гордо. Тоа е она чувство кога се чувствувате посебно задоволни од колективните успеси, се радувате на развиореното знаме, заедничките победи во спортот, науката. Поединците кои не учат дека имаме што да му подариме на светот, порача тој.
Претседателот Мицкоски изјави дека Република Северна Македонија повторно твоја е за да се победи сиромаштијата, за зауздување и топење на инфлацијата која овде е најголема во Европа, како и крај на заробената држава и криминалното судство и правда.
Подготвено од М.Д.