https://flickr.com/photos/slaiman/3595048331/in/photolist-6tFyBV-26yrAgE-RMTsDC-28tezTp-27BCEFD-26Lmt5C-hxkf4T-9ZtAK1-8tXgNK-fpDUAM-NVjaaC-bu8GrV-c5LW1C-ea7t6j-cmkGrb-28WE4A8-MY9wxg-255NoER-qtj3gY-MZ9WrJ-GHcXse-8n2eCg-27XSB9u-28HqmcF-55WDUJ-6BAuKM-24H1Yxt-d9X1h8-JSYyNr-cGjnJN-dZd12v-92XD2P-24QnyUE-ywDFiS-28jVR5p-ceXEu1-ScNaX1-JMzzdX-9DnVDy-8F1TuT-XtQ4ZQ-aFJoXr-rWQkfW-Vrdbmz-nZ9kg4-diebD1-pie4tR-HAVTw6-5CyQbD-mco8yw

25.04.2024 Скопје

Сунак ова го изјави во Варшава за време на посетата на британските војници стационирани во Полска, каде беше заедно со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

НАТО постави цел за земјите-членки да издвојат два отсто од БДП-то за својата одбрана. Велика Британија во моментов издвојува околу 2,3 отсто.

Според Сунак, во следните шест години во британската одбрана ќе бидат инвестирани дополнителни 75 милијарди фунти.

„Денеска е пресвртница за европската безбедност и историски момент за одбраната на Обединетото Кралство“, рече британскиот премиер, кого го очекуваат општи избори најдоцна до јануари 2025 година.

Подготвено од М.Д.

About Author