DIK

09.04.2024 Скопје

Утре или најдоцна до четврток ДИК би требало да ги утврди пратеничките листи на партиите и коалициите кои ќе го трчаат изборниот процес.

Во тек е проверка од страна на надлежните институции односно Основните судови и МВР кои ќе треба да ги достават своите наоди по однос на имињата испишани на листите и да ги достават до ДИК.

За сега од ДИК не можат официјално да информираат дали има одредени спорни имиња бидејќи процедурата е во тек но по утврдување на листите ќе излезат со информации.

Она што е познато е дека 17 партии и коалиции ги поднесоа кандидатските листи за пратеници. 13 од нив се за сите изборни единици.

Листи во сите изборни единици имаат

Коалицијата предводена од СДСМ

Коалиција предводена од ВМРО ДПМНЕ

Движење ЗНАМ – За наша Македонија

Политичка партија Родина

Работничка партија

Храбро за Македонија – ГРОМ

Македонска ера – Трети суверенисти

Левица

Европски фронт – ДУИ

Вреди – Беса

Политичка партија Демократи

Политичка партија Единствена Македонија

Политичка партија Десна Која ја предводеше Љупчо Палевски Палчо

Политичката партија Аваја (Доста Е) поднесе кандидатски листи за Третата, Четвртата, Петатта и Шестата изборна единица. Твоја партија поднесе кандидатски листи за Првата, Втората, Третата и Четвртата изборна единица. Нова Алтернатива која ја предводи скопската градоначалничка Данела Арсовска поднесе кандидатски листи за Првата, Втората, Третата и Четвртата изборна единица. Поднесена е и листа од Група избирачи Ѓула Челику која влез во парламентот ќе бара само преку шестата изборна единица.

Овие парламентарни избори ќе бидат единаесетти во земјава. Во шест изборни единици ќе се добијат по 20 пратеници за новиот парламентарен состав. И на овие избори нема да има тројца пратеници избрани од дијаспората, бидејќи за гласање во дипломатско конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство не се пријавиле доволно гласачи, државјани на Република Северна Македонија.

Во изминатите денови партиите ги промовираа носителите на листите за пратеници и листите, како и програмите за парламентарните избори а ДИК истите ќе ги утврди согласно предвидениот рок.

Подготвено од М.Д.

About Author