17.04.2024 Скопје
Голема временска промена пристигна во Хрватска. Снегот побели делови од таа земја. И покрај бројните најави на метеоролозите, тој го изненади населението.
Во Загреб за 24 часа температурите се намалија за дури 20 степени Целзиусови.
Во Загорје и Меѓумурје температурата на воздухот во текот на вчерашниот ден беше од 3 до 5 степени, а во останатиот дел од северозападна и северна Хрватска од 5 до 9 степени.
Во Горски Котар и Славонија температурите се од 9 до 19°С, а пред промената на времето на истокот од Славонија температурите достигнаа и до 28°С.
Како што најавуваат од ДХМЗ, засилена облачност со врнежи од дожд од северозапад од земјава постепено ќе се прошири и во останатите делови од земјава.
Ќе има и врнежи со грмежи на места, поизразени на Јадранот. Со забележително заладување врнежите од дожд ќе преминат во снег на планините и на некои низини со формирање на потенка снежна покривка во Горски котар.
Подготвено од А.Ѓ.