Dalnovod EVN

09.04.2024 Скопје

Пониската профитна маржа која ја понуди EВН ХОУМ, ќе влијае на крајната цена на струјата, велат од Регулаторната комисија. Но, ова не е единствениот елемент од кој зависи дали сметките ќе се намалат. Тука голема улога имаат и субвенциите, односно дали новата Влада ќе одлучи да останат и колку ќе изнесуваат, но и од евтината тарифа.

Цената на струјата зависи и од тоа по кој износ ЕСМ ќе ги продава своите количини на снабдувачот, но и од  цената за пренос и дистрибуција.

Според, информациите ЕВН ХОУМ повторно е избран и во следните пет години да ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи со електрична енергија.  На електронска аукција, австриската компанија понудила маржа од 9, 9 проценти,  1, 6 отсто пониско од сегашната.

Сепак, нема официјални информации кои се учествувал на јавното наддавање. Претходно и ЕСМ Продажба и ЕДС- фирма ќерка на грчкото електростопанство ППЦ пројавија интерес да бидат нов Универзален.

Одлуката на Комисијата ќе биде разгледана на некоја наредна владина седница, а улогата новиот снабдувач треба да  ја преземе во јуни.

Според, новите правила, новата цена, треба да се донесе во ноември. Но, не се исклучува можноста тоа да се направи како и  до сега во јуни.

Од РКЕ велат дека,  Универзалниот снабдувач ќе ја направи пресметката за новата цена на електричната енергија, но пред да се објави ќе помине на контрола кај регулаторите.

Подготвено од М.Д.

About Author