03.04.2024 Скопје
Според сите расположиви докази, компаративни анализи и пазарни факти, Министерството за одбрана на Република Северна Македонија со одлука за набавка на осум хеликоптери од италијанската компанија Леонардо за 250 милиони евра извршила, веројатно и очигелдно, коруптивна одлука со која се купува нешто далеку над цената а, патем, не ги задоволува потребите на армијата бидјеќи хеликоптерите на Леонардо се купуваат без – борбена према, само за транспорт, по екстремно висока цена.
На страна што министерката на телевизија изјави дека набавката е 230 милиони евра, за неколку дена потоа министерството да објави дека е 250 милиони евра.
Познато е дека е одбиена понудата на Ербас, далеку подобра фирма за воени хеликоптери кои имаат и пониска цена, и подога гаранција и обука.
За доказ во сомневањата се зема примерот на Велика Британија.
Вооружените сили на Британија планираат да набават дополнителни Airbus H145 за нивните мисии во странство на Кипар и Брунеи. Министерството за одбрана на Велика Британија во средината на ноември објави дека има намера да купи шест хеликоптери Н145 од Ербас.
Во аранжманот вреден 140 милиони фунти или 162,5 милиони евра е вклучена и логистичка подршка на Ербас за три години.
Пресметано, Британците за подобар и пефикасен, патем и поопремен хеликоптер Ербас плаќаат 27 милиони евра, Македонија за послаб модел на хеликоптер од италијанската фирма Леонардо плаѓа 31,2 милиони евра.
Подготвено од М.Д.