veshtachka inteligencija

19.04.2024 Скопје

Роботот Амека е создаден од британската компанија Engineered Arts. Презентиран како „најнапредниот“ хуманоиден робот во светот – по име Амека – како технолошки напредок успеа да остави доминантен впечаток кај публиката на саемот за потрошувачка електроника во Конгресниот центар во Лас Вегас.

Користејќи вештачка интелигенција (ВИ), роботот може да слуша – со помош на микрофони во ушите – да гледа – со помош на камери во очите – и да препознава и да комуницира со луѓето. Создадени од британската компанија Enginir Arts, видеата од роботот брзо станаа вирални – без разлика дали се работи за цртање мачка или предвидување на иднината. И тоа беше 2022. Оваа година, Амека го имаше својот прв вистински настап, запознавајќи се со луѓе за прв пат на еден од најголемите технолошки настани во светот.

И остави прилично силен впечаток.

TikToker-от Колин Смит сподели клип на кој Амека одговара на прашање за тоа кога верува дека „AI ќе достигне ниво каде што може сама да дизајнира суштества кои припаѓаат на технологијата на вештачка интелигенција“.

Таа вели: „Ајде сами да го дизајнираме, а? Тоа е исто како да прашуваш кога тостерот ќе почне да си прави леб. AI е алатка создадена и контролирана од луѓе. Тој сигурно може да оптимизира одредени аспекти од својата работа, но самиот дизајнира од нула? Тоа е сосема друга игра. Потребна е креативност, иновација, разбирање – квалитети кои се единствено човечки. Така да, да одговорам на вашето прашање, не наскоро“.

Амека не застана тука.

„Искрено, внимавајте што посакувате“, вели таа во видеото и додава: Вештачката интелигенција која може сама да се дизајнира е на чекор од вештачката интелигенција на која луѓето воопшто не и се потребни. Сега постои мисла која ќе ве држи будни ноќе“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author