kafe i limon

09.04.2024 Скопје

Сигурно секогаш сте се прашувале дали е поздраво да пиете ладно или топло кафе.

Ако сакате да пиете топло кафе, имаме добри вести за вас. Имено, резултатите од студијата покажале кога кафето е поефикасно, а кога посилно делува на организмот. Пиењето кафе има различни здравствени придобивки.

Во првите 10 минути, кофеинот влегува во вашиот крвоток и се шири низ вашето тело, предизвикувајќи зголемување на крвниот притисок и отчукувањата на срцето. По 20 минути, кофеинот се врзува за рецепторите на аденозин, неутрализирајќи го заморот. Нивоата на допамин се зголемуваат и опстојуваат, создавајќи чувство на будност и фокус.

По 30 минути работата на надбубрежните жлезди се забрзува и се произведуваат повеќе хормони. Во тоа време, поради проширување на зениците, видот може да стане поостар. Веќе по 40 минути, телото почнува да произведува повеќе серотонин, што го подобрува функционирањето на невроните во ‘рбетниот мозок, што доведува до подобрување на координацијата и мускулната сила.

Четири часа подоцна метаболизмот се забрзува, поради што енергијата се согорува побрзо. Во овој период телото почнува да ги разградува насобраните масти.

Во рок од шест часа кафето поминало низ вашиот систем и веројатно ќе почувствувате потреба да уринирате. Дотогаш, приближно половина од количината на кофеин што сте ја внеле ќе го напушти вашето тело.

Дали е подобро да се пие топло или ладно?

Постојат неколку начини за правење ладно кафе. Ладниот пијалок се прави со ладна вода за помала киселост. Ладното кафе има тенденција да биде помалку кисело и понежно за вашиот дигестивен систем.

Според една студија во „Scientific Reports“, топлото кафе има повеќе антиоксиданси од ладното кафе. PH вредноста на топлото и ладното кафе е речиси иста и се движи од 4,85 до 5,13.

Затоа на оние кои имаат стомачни проблеми им се препорачува постудено кафе, додека во други случаи подобро е да пијат топло кафе.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author