https://www.flickr.com/photos/followingcaminho/6537012121/in/photolist-aXDTXx-4RjihV-7d4CE9-7EMb6C-JBpj8S-v7oeeC-nUGZuM-6Fa6DJ-GGJeJB-7tEfQN-P4guHc-26aokuF-nwUz9W-5in3rW-SJmbN2-ACbQDC-2mVLKy7-2mgYvaa-jb8F3h-aWcj5t-qkRcuU-JHFj5V-2ngAAx4-CcfHAC-2iEAzGb-3bG3XR-7wPKJv-tEjWNi-2NJdRN-VKLbjH-9JRGpR-2mHZJ69-5Km3Jd-J6oegs-2mP5Tap-tYpuy-NMqss6-4N3BPs-2hjKh5T-siAhdY-7BmpWb-6sXiPo-24EA46Q-H6ivVh-2kQSmh2-YBdH1-9qH375-5CM9Zq-yr3KN-26aoK8T

11.04.2024 Скопје

Се повеќе граѓани реагираат до Народниот правобранител затоа што не можат да располагаат  со сопствените пари во банка, бидејќи останаа без документи. Старите лична карта и пасош им се истечени, а процесот на вадење нови трае предолго, поради што сметките не им се активни. Од канцеларијата на Народниот правобранител сметаат  дека како што можело експресно да се најде решение  со истечени документи да може да гласаат, така и од ова сега треба да се најде излез. Предупредуваат -ако не се преземе нешто, ситуацијата ќе се искомплицира, а бројот на поплаки ќе само ќе расте. Уште пред неколку месеци прашале што ќе се случува со трансакциските сметки на граѓаните, во овие услови на вадење нови документи.

Според, сознанијата од народниот правобранител банките различно постапуваат со личните документи од граѓаните,  унифициран начин на работа немаат.

Од Народниот правобранител  пак спасот го гледаат кај НБРМ. За проблемот ќе испратат и официјален допис до нив. Ако има потреба, ќе инсистираат и на средба за заедно да ги разгледаат можните решенија.

Пред извесно време пак, во Собранието, по скратена постапка и без дискусија поминаа измените во Изборниот законик со кои на избори ќе можат да гласаат и оние граѓани чии документи ја изгубиле важноста 9 месеци пред денот на изборите.

Подготвено од М.Д.

About Author