https://www.flickr.com/photos/cementley/34640312584/in/photolist-2UBENz-UM3E5G-Vp6wP4-bbv8HP-Vz4mLg-VvvsgN-UktYDv-Uku59i-Vnuk6k-Vz487n-ieSU9R-VvvvLo-2mfz92W-VvvkpG-5UP3Vv-249cmy1-EFmkNH-wLqvo-Gncwsn-5rAsPR-23gqqnu-7KfKut-5mtees-2cPoGZZ-VkRRt5-SniGgy-oKYPMb-EPsHU9-VjsCm5-dbRMLH-Sj1qUw-5vtfZz-GvRkin-5DS921-UYTrow-2kQuapa-2kQuaoJ-9mMxVF-2avopL7-4N9Qk-gMpye7-8yAMjL-Gxae6P-nzyUx9-o7GvUv-SE6tY9-9nAJKp-3dv8aD-o5C6MF-74dvkW

22.04.2024 Скопје

Директорот на Центарот за истражување и развој на туризмот, Петар Голубовиќ, денеска изјави дека според претходно започнатите резервации, најавите на тур-операторите и стапките на пополнетост на хотелиерите во периодот на претсезоната, но и во текот на целата година, може да се каже дека очекувањата се Црна Гора да има многу успешна туристичка сезона, можеби и рекордна во секоја смисла.

Голубовиќ нагласи дека во Црна Гора се отворени голем број места во областа на угостителството и хотелиерството и воопшто во туристичката сфера.

Тој посочи дека одредени синџири на хотели веќе увезле значителен број работници.

„Кога зборуваме за работната сила, треба да се забележи дека луѓето доаѓаат од далечни земји, од Непал, Индонезија, Филипини…“, рече Голубовиќ.

Голубовиќ рече дека не е ни чудо што луѓето од Црна Гора одат на работа во Хрватска кога ќе слушнат дека саатницата за чистење на становите е 20 евра, додека ситуацијата во Црна Гора е поинаква.

„Кај нас саатницата за чистење стан е приближно 8 до 10 евра, доколку немате некој што е вработен во текот на целата сезона“, вели Голубовиќ.

Тој нагласи дека се чини дека организацијата на приватно сместување е подобра во соседните земји, пред се во Хрватска.

„Приватното сместување во Црна Гора е оставено само на себе, се потпираме на сопствените капацитети и знаење, нема заедничко дејствување на нивото на кое треба да биде“, потенцира Голубовиќ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author